Веќе пет кола се зад нас во квалификациите за ЕП, ракометарите на Македонија се на чекор до пласман на Европското првенство во Хрватска. За потврда потребна им е победа в недела против Чешка во Скопје.
На листата на стрелци прв е Кире Лазаров, кој со 8 гола во Суми остана најдобар стрелец во квалификациите. Тој има со 48 постигнати гола. Второто место го држи вардаровиот “бомбардер“ Вуко Борозан од Црна Гора. Тој има постигнато пет гола помалку односни има вкупно 43. Во последното коло со Шведска тој стрелаше “рафално“, постигнувајќи десет гола. Борозан за потсетување потпиша пред неколку месеци верност со ракометниот клуб Вардар на четири години.