Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар утре на пладне лета за Малме, од таму со автобус до Кристијанштад
Вардар утре на пладне лета за Малме, од таму со автобус до Кристијанштад

Вардар утре на пладне лета за Малме, од таму со автобус до Кристијанштад

Веќе задутре,  сабота продолжуваат натпреварите за Вардар, во рамките на групата А од Лигата на Шапионите. Вардарци во  рамките на претпоследното коло гостуваат во Шведска на екипата на Кристијаншад. Мечот својот почеток го има од 19:00 часот, победа на оваа средба ќе ни донесе голема предност пред расплетот во последното коло.

Веќе се познати и деталите за патувањето. Црвено-црната експедиција, утре, претпладне во 10-00 часот тргнува од Спортскиот центар “Јане Сандански“ кон Аеродромот Скопје. Се очекува во 15-00 часот да слета на аеродромот во Малме, од каде со автобус ќе замина кон конечната дестинација. Првиот ден не очекува вечерен тренинг во салата каде ќе го одиграме дуелот. Во Скопје тимот се очекува да пристигне во недела, 24/02/2018 во 12-30 часот.

Директен пренос од овој дуел можете да проследите на програмата Арена Спорт 3.