Тој е со најдолг стаж во моментов Вардар, и е еден од оние што знае колку Вардар им значи на навивачите, и колку е ракометот сакам во Македонија. Кога по меч дечињата и постарите сакаат да се фотографираат со некој играч на Вардар, тогаш високо на листата е Игор Карачиќ. Кога на тимот некогаш знае да не му оди, тогаш „Кара” ја зема иницијативата.
Она што сите најмногу ги интересираше е дали и во иднина ќе го гледаме во дресот на Вардар?
*Дали Игор ќе остане во Вардар?
„Моментов не можам да одговорам на тоа. Ќе видиме. Ми истекува договорот оваа сезона. Постои можност и да останам, но во следните десетина денови ќе се знае повеќе околу мојата иднина.
* Кои се твоите најубави моменти во Вардар и во Македонија?
„ Секако нема да ја заборавам првата титула со Вардар и тоа против Металург. Кога бевме отпишани, и кога загубивме бод претходно во Струмица. Имавме дуел со Металург и во СЦ Кале победивме и ја освоивме титулата.
* Кој е твојот идол сега, а кој бил порано?
„Мојот идол секогаш бил постариот брат Иван. Секогаш го гледав како пример. Почнав да се занимавам со карате и фудбал, и се гледав себе си во фудбал, зашто навистина добро ми одеше. Но еднаш отидов со Иван на тренинг на ракомет и така почна мојата љубов кон ракометот.
* Дали би сакал да направиш ракометен камп и да работиш со деца и д агисподелиш своите искуства?
„Имаш таква идеја во 2016 година кога со Хрватска освоивме медал од ЕП. Имавме многу пречекување во Загреб и Мостар. Имав и предлози и првично прифатив, но сепак сум далеку од дома. Чекам време кога сите браќа ќе бидеме дома и тогаш сигурно би направил камп.
Целото интервју -овде