Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пулените на Царчев, вардаровите голманки со неверојатни 52% успешност, Грујовска со највеќе интервенции оваа пролет
Пулените на Царчев, вардаровите голманки со неверојатни 52% успешност, Грујовска со највеќе интервенции оваа пролет

Пулените на Царчев, вардаровите голманки со неверојатни 52% успешност, Грујовска со највеќе интервенции оваа пролет

Младинската екипа на ЖРК Вардар одлично ја започна ракометната пролет, црвено-црните дами имаат четири убедливи победи од исто толку одиграни дуели во женската младинска лига. По вчерашната победа со тимот на Гевгелија треба да се потенцира еден факт, дека одбраната и голманското трио на вардарки се беспрекорни. Тоа е нашето најсилно оружје во овие натпревари. Во есенскиот преглед за нив во текстот (“Царчевите ангели“ клуч на успехот на Вардар-ВИДИ) рековме “Сите линии во ракометот се важни, но има една позната изрека “добар голман-половина тим“.

jjjj

Пуленките на Александар Царчев, Илиќ-Грујовска-Трајкоска имаат фрапантни бројки кога станува збор за голмани. Колку добра есен имаа, ретко кој можеше да замисли дека ќе имаат уште подобра пролет. Треба да се нагласи дека едноставно е невозможно да се работи со врвен ракометен стручњак како Царчев и да не се напредува, без разлика колку се дига лимитот. Квалитетната работа со тренерот на вардаровите голмани, се покажа онаму каде и требаше на теренот, на дело. Едноставно неговата моќ да инспирира, мотивира и обучи млади голмани е нешто кое е должно да се почитува. Тие, трите имаат неверојатен просек од 52% одбранети удари досега во овие четири кола. Примија 64 гола, а пак забележаа 68 успешни одбрани во изминатите дуели. Голема пофалба до тренерот и до девојките кои се вистинско богатство. Фактот дека имаат повеќе одбрани од примени голови на изминатите средби е нешто кое неминовно мора да се потенцира. Посебна тежина сите овие бројки имаат ако се земе во предвид дека дури три од четирите кола се играни на гостински терени. Вака изгледаа дуелите во однос на примени голови и впишани одбрани на нашите голманки.

РК Кузман Илинден- Вардар: Примени 15 гола, одбрани 16.

Вардар- ЖРК Стружанка: Примени 20 гола, одбрани 19.

ЖРК Шампион- Вардар : Примени 10 гола, одбрани 16.

ЖРК Гевгелија- Вардар: Примени 19 гола, одбрани 17.

eeeeeeeeeeeeeee

Кога сме кај поединечните бројки зад имињата на црвено-црните голманки на врвот на листата е Симона Грујовска. Таа одлично ја отвори оваа ракометна пролет. Повторно е онаа “старата“ од есенскиот дел, двигател на тимот со атрактивни одбрани. Зад своето име досега има 25 интервенции што ја прави лидер на оваа листа. Постепено од коло во коло  го потврдува нејзиниот квалитет кој повеќе од евидентно го поседува во голема мера. Андреа Илиќ има две помалку таа има втор скор зад своето име, односно 23 интервенции на дуелите кои досега ги одигравме. Сосема солидно ги исполнува задачите кои ги наменети за еден “чувар“ на мрежата на црвено-црниот тим. Одлична е досега во одиграните натпревари во младинската лига. Јована Трајкоска на досегашните три одиграни меча впиша 20 интервенции зад своето име. Јоци го заокружува ова трио, на фантастични вардарови голманки кои ротираат од почетокот на сезоната.   Ако се земе во просек ( 68 одбрани беа забележани на 4 меча) на сите три заедно на еден натпревар имаат 17 одбрани, што на Вардар му е голем “ветер“ во грб кога има вака расположени девојки помеѓу стативите.

За пофалба е нападот на црвено-црните кој во овие средби ја “решеташе“ мрежата на сите противници, утре ќе им посветиме посебен текст и на девојките кој носат погодоци за успех.