Следниот противник на Вардар, тимот на Кристијанштад имаше успешна контрола пред мечот со црвено-црните, во Лигата на Шампионите.
Кристијаншад одигра меч пред своите навивачи во домашното пренство и успеа да слави убедлива победа во дуелот со екипата на Алингсас (32:25). Домашниот тим уште од стартот наметна силно темпо на игра, кога поведе со 4:0. Најголемата позитива која ја достигнаа во првиот дел беше шест голови разлика(14:8), но со серија на погодоци до крајот на првиот дел, тимот на Алингсас намали на само два гола негатива (15:13).
На стартот на вториот дел, Кристијанштад се одлепи на четири гола водство (17:13). долго време и одржаа предност од 4-5 голови, но екипата на Алингсас во еден момент намали на 23:21. Сепак домаќинот не дозволи изненадување и на крајот стигна до убедлива победа.
Најефикасни кај победникот беа Гудмудсон, Хален и Нилсен, кои постигнаа по 5 голови. Кристијанштад е прв на табелата со вкупно освоени 44 бодови. На 26 одиграни мечеви во домашната лига, имаат скор од 22 победи и 4 порази.
Натпреварот од 13.коло во најсилната група А, помеѓу Кристијанштад и Вардар се игра во сабота од 19:00 часот.