Откако стана јасно дека по завршувањето на оваа сезона, нашиот најдобар пикер, Алем Тоскиќ ќе си замине од клубот, започнаа шпекулациите околу негова супер замена. Неговата замена е ”најдена” во еден од најдобрите пикери, играчот на Кјелце и на шпанската репрезентација Јулиен Агинагалде. Агинагалде доколку дојде oва лето во РК Вардар, ќе биде едно од најголемите засилувања на тимот на Вардар во својата историја.
Јулиен Агинагалде оваа сезона беше во Скопје, но Скопје не го памети по добро. Неговата екипа пред еден месец во Скопје загуби со 10 голови разлика, а на тој меч Јулиен Агинагалде постигна шест погодоци, и беше најдобар стрелец во својата екипа. Јулиен Агинагалде досега во ЛШ има постигнато 39 погодоци.