Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Обрван повика тројца вардарци во репрезентација за подготовките пред Е.П.
Обрван повика тројца вардарци во репрезентација за подготовките пред Е.П.

Обрван повика тројца вардарци во репрезентација за подготовките пред Е.П.

Селекторот на најдобрата машка сениорска репрезенација на земјава Ивица Обрван го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за подготовките пред ракометното  Европско првенство “Полска-2016“. Од таборот на црвено – црните има повикано за подготовките тројца ракометари.

На списокот од  23.ракометари за   настап во Полска се најдоа следините наши играчи : Пикерот  Стојанче Стоилов, крилниот играч Дејан Манасков и нашиот капитен Филип Лазаров. Голманот на вардарци и репрезенативец на земјава Петар Ангелов-Диви  не се најде на списокот на селекторот ОбрванЦрвено-жолтите својте подготовки  ќе ги започнат на 22 месецов и истите ќе се одвиваат во СЦ „Јане Сандански“,  играчите ќе престојуваат во хотел Русија. Европското во  Полска ќе почне на 15 јануари. Нашата најдобра репрезенација е во исклучително тешка група со : Франција, Полска и Србија.