Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс највисок и најтежок играч во Лигата на шампионите
Кристопанс највисок и најтежок играч во Лигата на шампионите

Кристопанс највисок и најтежок играч во Лигата на шампионите

Најголемото засилување на Европскиот шампион ова лето, играчот од Летонија, Кристопанс оваа сезона ќе биде највисокиот играч во ракометната елита. Нашиот бек шутер со 215цм е далеку напред пред сите останати играчи.

Кристопанс покрај висината, и според тежината оваа сезона ќе биде на местото број еден. Летонецот тежи дури 135 килограми. На оваа листа второто место го држи исто така играч од Вардар. Станува збор за голманот Милиќ, кој има три килограми помалку, односно 132.

Вардар новата сезона ја отвара утре со дуел во Полска против тимот на Висла.