Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерското фудбалско дерби без победник, Вардар и Шкендија одиграа со нерешен резултат
Пионерското фудбалско дерби без победник, Вардар и Шкендија одиграа со нерешен резултат

Пионерското фудбалско дерби без победник, Вардар и Шкендија одиграа со нерешен резултат

Денес на теренот во населбата Јане Сандански се одигра пионерското фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Натпреварот заврши без победник (3:3). Стрелци на головите за Вардар беа: Малик Хасановиќ (2) и Леонид Игнатов, додека кај гостите два гола беа за Таири Куштрим и еден за Ајдини Абдулвахит.

pio

ФК Вардар: Андов, Ѓурковски, Манасиевски, Асенов, Николов, Цури, Ристовски, Астарџиев, Хасановиќ, Игнатов, Спировски.

pio2

Интересно во првите 12 минути паднаа дури четири голови на овој меч. За само две минути противникот од Тетово успева да постигне два гола во нашата мрежа и тоа двата по грешка од одбраната, која денес беше конфузна и направи многу почетнички грешки. Во 4 минута Ајдини успева да го отвори резултатот и да му донесе водство на тимот од Тетово за 0:1. Само две минути подоцна, по грешка на бекот Ѓурковски кој врати непрецизна топка, која стигна до Таири кој успева да ја забие топката во мрежата на Андов и да донесе брзо водство од 0:2. Како му дозволивме на противникот да постигне голови, така и Вардар за само две минути експресно ја врати негативата. Во 10 минута успеваме да намалиме на 1:2 со голот на Леонид Игнатов, за веќе во 12 минута Малик Хасановиќ да донесе израмнување од 2:2.

pio4

Пред израмнувањето Шкендија имаше колосална чиста шанса за погодок, но Андов спречи поголема негатива. После израмнувањето, избраниците на Тодоровски успеаа да воспостават рамнотежа на теренот и полека да ги консолидираат своите редови, иако тоа беше далеку од идеална и добра игра. Хасановиќ се најде во шанса да постигне гол, која остана нереализирана. Нова грешка во нашата одбрана и тоа на капитенот Манасиевски кој дозволи Таири да стигне пред него и со својот втор гол да донесе ново водство од 2:3 на овој меч. Измена веднаш во нашите редови, на местото на капитенот Манасиевски, во игра влезе Апостоловски Андреј. До крајот на првото полувреме за одбележување е шансата на Матеј Николов, кој со глава бие покрај голот на Шкендија. На одмор се замина со резултат од 2:3.

pio2a

Во второто полувреме прв се обиде Давид Ристовски од слободен удар, но непрецизно и без закана за противничкиот гол. Измена во Вардар на стартот од вториот дел, играта ја напушти Асенов, на негово место е Самир Хасиќ. Следи израмнување на резултатот за 3:3, се играше 51 минута кога топка нафрли Ѓурковски, а на вистинското место се најде Хасановиќ кој со глава бие прецизно за ново израмнување.

pio3

Таири од редовите на Шкендија денес беше најопасен на теренот, кој се најде во нова шанса, кој биеше над голот на Андов. Трета измена кај Вардар, излезе Ристовски, додека влезе Мирчевски. Шанса имаше Игнатов, но ударот заврши покрај голот на Шкендија. Двете екипи се обидуваа до дојдат до водство, но без поголеми прилики за гол. Последна измена во нашите редови, во игра влезе Медија Кртовци, на местото на Ѓурковски. До крајот резултатот остана непроменет и заврши 3:3.

Оваа генерација на ФК Вардар е се уште без победа, ова беше втор нерешен резултат, а има и еден пораз.