Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Комити > (ФОТО) Сите пофалби за натпреварот со Зенит, одат на адреса на “Комити“
(ФОТО) Сите пофалби за натпреварот со Зенит, одат на адреса на “Комити“

(ФОТО) Сите пофалби за натпреварот со Зенит, одат на адреса на “Комити“

Вардар загуби од Зенит, но најсветла и највпечатлива точка на натпреварот беше навивачката група Комити, која во голем број ја исполни западната трибина. Сите пофалби одат на нивна адреса, започнувајќи од пред натпреварот кога продаваа блок билети за сите три натпревари на домашен терен, со кои следуваа и гратис маица, што беше одличен маркетинг потег да се привлечат голем број на навивачи да дојдат на стадион. Секоја чест и за нивната бројка на дуелот со Зенит, кога потсетија на најдобрите времиња и навиваа во текот на сите 90 минути, но и многу време после завршување на натпреварот, кога ги вратија играчите од соблекувалната и заедно пееја. Самиот сопственик на клубот Самсоненко, изрази големо задоволство од пристапот на Комити за овој меч, каде се помина во најдобар ред, без никакви инциденти кои негативно би се одразиле на клубот. Токму натпреварот во четвртокот од навивачки аспект на најдобрите Комити треба да биде само пример како треба да биде и на наредните натпревари.

Комити покажаа дека знаат, дека умеат и дека можат да се вратат на старите патеки. Веќе се чуствуваат промени, кои се надеваме дека како поминува времето ќе бидат се подобри и позитивни, од кои добро ќе има и самиот клуб Вардар.

 

komiti 1 10 12 14 15 16 28 57