Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите одиграа реми, младинците поразени в гости кај Шкендија
Кадетите одиграа реми, младинците поразени в гости кај Шкендија

Кадетите одиграа реми, младинците поразени в гости кај Шкендија

Денес во Тетово во рамки на третото коло во сезоната 2017/2018 година се одигра дербито помеѓу домаќинот Шкендија и нашиот  фудбалски клуб Вардар. Се играа дуели во рамки во две категории, кадетска и младинска конкуренција. Кадетите дојдоа до позитивен резултат 1-1 на дуелот со Шкендија.

Колев мечот го почна со: Tимевски, Радевски,  Дарлишта, Петковски, Илиевски, Адем, Благоевиќ, Ѓоргиевски, Андовски и Младеновски.  Во првиот дел иако имаше иницијатива на двете екипи мрежите на Тимевски Бојан и на Абази Бујар мируваа. Во вториот дел за жал први отворија домаќините, тие погодија во мрежата на Тимевски во 65минута. За 1-0 стрелаше Адмир Бакија . Вардар се обиде да се врати во мечот и да ја врати резултатската симетрија. Успеавме во самиот финиш поточно во 89.минута да погодиме за 1-1. За скопските црвено-црни погоди Петковски Христијан, гол вреден бод на ова тешко дерби гостување во кадетската лига.

Младинците одиграа ефикасен дуел во кој беа поразени со 4-2. Тие овој натпревар до одиграа со следните момци: Велковски, Џуклевски, Антовски, Стојаноски, Милковски, Наумчевски, Дишлиевски, Јахија, Колески, Маркоски и Ибиши. Во вториот дел влезе и Александар Трајчевски. Во овој дуел влеговме смело сепак за жал по сaмо 8.минути домаќинот погоди во мрежата на Велковски за 1-0. Ние во 20.минута од дуелот успеавме да изедначиме на 1-1 преку Колевски Бојан. Сепак на само 5 минути пред крајот во 40.минута домаќинот поведе со 2-1 преку Зејнула Арбин. Вториот дел не почна најповолно за нас по само 6 минути игра домаќинот поведе и со 3-1 на овој младински дуел. Ние се трудевме и успеавме да изедначиме во продолжение, за нас стрелаше оваа сезона одличниот Дишлиевски Оливер. Тој погоди за 3-2 во 70.минута од овој дуел. Се трудевме да издначиме сепак не успеавме  во продолжение. Домаќинот ја потврди победата во  85.минута кога погоди за 4-2 преку играчот со број.7 , Љума Енсер.