Вардарки успешно го завршија првиот турнир во рамките на регионалната лига. Подгорица беше домаќин на првиот турнир во ова натпреварување, во кои сезонава ќе играт само три екипи. Вардар на првиот меч беше подобар од домаќинот Будуќност, додека во второто коло го совладавме Крим Меркатор. Иако настапивме без неколку ракометарки, сепак успеавме да прикажеме добра игра. На позицијата десен бек, товарот отпадна на Андреа Кликовац, поради отсуството поради повреди на Лакрабер и Лазовиќ. Впечатоците од првиот турнир за официјалната страна на клубот ги сподели токму Кликовац која го изјави следново:
-Реално, задоволна сум како одигравме на овој турнир, бидејќи последните две седмици игравме со преполовен состав. И тука во Подгорица дојдовме без два десни бека и уште неколку други ракометарки, но добро одигравме. Имаме и нов тренер во стручниот штаб, нов систем, всушност се вративме на шпанскиот систем што се покажа како добар. Задоволна сум од првиот меч со Будуќност, а на овој натпревар со Крим бевме уморни бидејќи немаме доволно замени. И два натпревари во два дена е доста тешко за играње.