Ракометарите на Вардар завршија на седмото место во групата и на тој начин за противник во осминафиналето од Лигата на Шампионите го добија тимот на Веспрем.
Вардарци групната фаза ја завршија со само 3 победи, исто толку нерешени резултати и 8 порази. Постигнавме вкупно 335 голови, додека примивме 350 во својата мрежа.
Како најефикасен играч во групната фаза се покажа Тимур Дибиров кој постигна вкупно 63 голови, со кои е е најдобар стрелец во Вардар.
Како изгледа листата на стрелци кај Вардар во ЛШ:
1. Тимур Дибиров – 63
2. Иван Чупиќ – 52
3. Ловро Јотиќ и Стојанче Стоилов – 36
4. Анте Гаџа – 25
5. Кристијан Дисингер – 21
6. Глеб Калараш – 20
7. Гоце Георгиевски и Марко Вујин -16
8. Патрик Валчак -11
9. Васко Шеваљевиќ – 10
9. Филип Талески – 9
10. Борко Ристовски – 5