Помладите пионери на ФК Вардар го финишираа првиот натпреварувачки круг во лигата. Избраниците на Драган Стефановски-Гаге завршија на првото место со вкупно 29 освоени бодови. На 11 одиграни натпревари, нашите млади надежи забележаа 9 победи и 2 нерешени резултати, без ниту еден пораз. Вардарци го имаат и вториот најдобар напад во лиата со 43 постигнати, како и најдобрата одбрана со само 9 примени голови.
Сите постигнати резултати за генерација 2005 во првиот круг:
1 коло: Куманово Еуроспорт – Вардар 0:5
2 коло: Вардар – Ренова 11:0
3 коло: Шкендија - Вардар 2:5
4 коло: Вардар – Работнички 3:0
5 коло: Брегалница - Вардар 1:2
6 коло: Њу Старс – Вардар 0:5
7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 3:1
8 коло: Шкупи – Вардар 2:2
9 коло: Вардар – Акад.Пандев 3:2
10 коло: Пелистер – Вардар 1:1
11 коло: Вардар – Победа 3:0
Вардар има два бода предност на табелата пред екипата на А.Пандев која очигледно е дека ќе биде наш најголем и единствен конкурент за шампионската титула.
Најдобар стрелец на тимот во првиот круг е капитенот, Никола Величковски кој постигна вкупно 13 голови. Погледнете ја листата на стрелци во оваа генерација, после 11 одиграни натпревари во лигата.
1. Никола Величковски -13
2. Арбин Курти – 8
3. Филип Јовановски – 7
4. Горјан Цветков – 4
5. Михаил Кузмановски и Тино Спасиќ -2
6. Алтин Алији, Ѓорѓи Дошев, Лука Јакимовски, Михаил Јаневски, Стефан Ристовски и Марко Стојилевски – 1.
Оваа генерација на Вардар ќе игра и во полуфиналето на Купот, а се уште не е одредена ждрепката за двојките. Потенцијални противници се екипите на Академија Пандев, Кул и Шкендија.
Претстојниов викенд е слободен во младинските лиги, со оглед на репрезентативните настапи. Пет вардарци од оваа генерација се дел од Македонија У16, која одигра еден дуел со Бугарија, а следниот против БИХ го игра на 28.март.