Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најдобрите судии, Начевски и Николов, ќе му судат на Вардар со Еурофарм Пелистер
Најдобрите судии, Начевски и Николов, ќе му судат на Вардар со Еурофарм Пелистер

Најдобрите судии, Начевски и Николов, ќе му судат на Вардар со Еурофарм Пелистер

Најдобрите македонски судии се задолжени да ја делат правдата, на дерби натпреварот во ракометната супер лига, меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Се работи за најдобрите, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кој ќе бидат судии на првиот од двата натпревари кои треба да го одредат новиот шампион на Македонија.

Дуелот во сабота ќе стартува од 17:00 часот во С.Ц. Јане Сандански.