Специјализираниот ракометен портал „Handball-Planet.com“, традиционално на крајот од секоја сезона прави листа на најлошите трансфери.
На врвот на листата за оваа сезона се наоѓа поранешниот играч на Вардар, Хорхе Македа. Второто и третото место им припаѓаат на Николај Маркусен кој во Унгарија се пресели од Силкеборг и на уште еден поранешен играч на ,,црвено – црните”, Даниил Шишкарев. Четвртото место му припаѓа на Марко Вујин кој неколку месеци играше за Вардар.
Следуваат трансферите на Штефен Фет (Рајн Некар во Ерлаген), Хосе Толедо (Вардар во Баја Маре), Метју Грбиј (Монпелје во ПСЖ), Лукас Нилсон (Кил во Рајн Некар), Павел Пачковски (Веспрем во Мешков Брест), Давид Фернандес (Адемар Леон во Висла).