Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Реваншот само формалност, Вардар високо ја порази Металопластика за чекор блиску до пласман во 1/4 финалето
Реваншот само формалност, Вардар високо ја порази Металопластика за чекор блиску до пласман во 1/4 финалето

Реваншот само формалност, Вардар високо ја порази Металопластика за чекор блиску до пласман во 1/4 финалето

Вардар уште на првиот дуел ја заврши работата околу патникот во 1/4 финалето на СЕХА-лигата. Попладнево во С.Ц. Јане Сандански, нашиот состав забележа висока победа.

Вардар имаше лош старт на натпреварот, но после одиграни 30 минути беше во предност од пет голови. Првиот гол го постигнуваме од својот трет напад за намалување на 2:1. Влеговме некако лабаво на дуелот, тоа го искористи тимот на Металопластика да поведе и со највисоки четири голови разлика, беше 6:2 и 8:4, но од тие моменти почна Вардар да се „буди. Со серија од 0:5 направивме целосен резултатски пресврт кога поведовме со 8:9, благодарение на расположениот Робин Кантегрел кој до средината на првиот дел имаше седум одбрани, како и Јотиќ, Дибиров и Стоилов кои го полнеа противничкиот гол. Во 19 минита имавме и два гола разлика (10:12), но противникот од Србија врати со два гола и го израмни резултатот на 12:12. До крајот на првиот дел бевме во предност. Последното израмнување беше при резултат 13:13, по што Вардар до крајот на првиот дел направи серија од 1:5. Следеа два гола во серија на Талески, па Валчак и Кантегрел погодија празен гол, за Јотиќ со нов гол да зголеми на 13:18. До крајот на првиот дел и двете екипи постигнаа по еден гол, за резултат 14:19 на полувреме. Јотиќ најефикасен по првото полувреме со 6 голови, додека Кантегрел имаше 8 одбрани.

197112504_174077628059493_7695787785783035894_n

На стартот на вториот дел постигнавме два последователни голови, за водството да стигне и до седум голови разлика (14:21). На голот го видовме и Марко Кизиќ кој забележа одбрана, додека нашиот тим и понатаму одржуваше предност која се движеше од 5-7 голови разлика. Кизиќ е несовладлив на голот, стигна и до четири одбрани, додека најатрактивниот погодок беше дело на Столе како асистент и Талески како реализатор. Во последните 13 минути влеговме со предност од 24:31. Немаше неизвесност до крајот, Вардар славеше висока победа со резултат 31:39.

Јотиќ беше најефикасен со 10 голови, додека добри беа и нашите голмани, Кантегрел кој стигна до 10 одбрани, додека Кизиќ имаше 5 интервенции. Утре во истава сала ќе се одигра и реваншот.