Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Литвански судии за натпреварот на Вардар и ППД Загреб
Литвански судии за натпреварот на Вардар и ППД Загреб

Литвански судии за натпреварот на Вардар и ППД Загреб

Екипата на РК Вардар 1961 во среда гостува кај екипата на ППД Загреб, на последниот натпревар сезонава во Лигата на Шампионите.

ЕХФ ги делегираше судиите за овој натпревар, а честа да ја делат правдата на истиот ја имаат литванските арбитри, Ваидас Мажеика и Миндаугас Гателис, а за делегат е назначен Томо Водопивец од Словенија.

Натпреварот во среда ќе се одигра со почеток од 20:45 часот.