Продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампионите за екипата на Вардар. Последен натпревар годинава за црвено-црните во најголемото ракометно натпреварување ќе биде гостувањето кај екипата на ППД Загреб.
Во пресрет на овој дуел, тренерот Веселин Вујовиќ, истакна дека победата е императив за двете екипи, па сигурно е дека не очекува тежок меч.
„Нè очекува натпревар со екипата на ППД Загреб, која е комбинација на млади и искусни играчи. И двете екипи доаѓаат по добри настапи против Монпелје, односно Кил. Ова е меч кој и ние и тие мора да го победиме. Од резултатот на овој натпревар зависи нашиот и нивниот пласман во следната фаза. Вардар игра добро, а пред нас доаѓаат дуели против ППД Загреб, Елверум и Мешков Брест. Се надеваме на позитивни резултати и остварување на целта, а тоа е место во нокаут фазата“, изјави Вујовиќ.
Утрешниот натпревар ќе започне од 20:45 часот.