Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Француски и хрватски предизвик за пионерите на РК Вардар, денес на турнирот во БиХ на програмата двата завршни меча од групата
Француски и хрватски предизвик за пионерите на РК Вардар, денес на турнирот во БиХ  на програмата двата завршни меча од групата

Француски и хрватски предизвик за пионерите на РК Вардар, денес на турнирот во БиХ на програмата двата завршни меча од групата

Пионерите на ракометниот клуб Вардар земаат учество на силниот меѓународен турнир “Локомотива Куп 2016“ кој се игра во Брчко-Босна и Херцеговина. Тие во групата имаат четири противника со кои вчера и денес мора да одиграат натпревари. Вчера стартувавме со одличен успех една победа и реми за момците на Будимир.

pp2

На првиот меч вчера дојде и првата победа, во дуелот  против екипата на УБ  однесовме триумф со резултат 20:11 (11-6), во меч во кој целосно доминиравме заслужено однесовме победа. Потоа пионерите на Вардар, предводени од Андријана Будимир  го одиграа и вториот натпревар,  во истиот  ремизираа со екипата од Хрватска. Протиник во овој меч ни бше тимот на Каштел Сплит, конечниот резултат на овој дуел гласеше 14:14 (8-7). Во овие два дуела кај стрелците во нашиот состав се истакнаа највеќе: Бојан Чакалиќ кој постигна 9 гола (5 на првиот и 4 на вториот меч) и Давид Савревски кој исто така погоди 9 пати  (3 на првиот и 6 на вториот меч).  Во текот на денешниот  ден ги продолжуваме настапите на турнирот, и ќе одиграме два меча по кои ќе ја комплетираме во целост групната фаза од овој турнир кај момците родени 2002 година и помали. Првиот предизвик не очекува  од 14:45 часот. Во овој дуел  се среќаваме со екипата на Марк Хандбал која доаѓа од Франција. Вториот меч денес воедно и последен во групата го играме во 17-00 часот против тимот на Загреб.