Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе во друштво на Робињо, Кафу, Денилсон..
Фелипе во друштво на Робињо, Кафу, Денилсон..

Фелипе во друштво на Робињо, Кафу, Денилсон..

Вардарци веќе една недела се на одмор. Овој одмор сите играчи кои не се од Македонија го искористија да заминат во своите родни земји. Па така, Фелипе е во родниот Бразил, каде ќе има огромна чест да одигра ревијален натпревар.

Нашиот играч ја прифатил понудата од својот матичен клуб Сантос, да одигра ревијален натпревар по повод 100 години постоење на стадионот „Урбано Калдеира“. На овој натпревар ќе настапат неколку големи фудбалски имиња. Покрај Фелипе, на овој меч ќе настапат и славните играчи Робињо, Кафу, Денилсон и тн. Овој меч треба да биде уште едно големо искуство за нашиот играч.