Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Камила Херем ќе се бори за Европското злато, Лакрабер и Лејно ќе играат за третото место
Камила Херем ќе се бори за Европското злато, Лакрабер и Лејно ќе играат за третото место

Камила Херем ќе се бори за Европското злато, Лакрабер и Лејно ќе играат за третото место

Вечерва се одиграа полуфиналните мечеви на Европското ракометно првенство во Шведска, по што се познати репрезентациите кои ќе се борат за златниот медал. Во големото финале ќе се сретнат Холандија и Норвешка. За нас поинтересен беше дуелот на Франција и Норвешка, на кој имаше три ракометарки на Вардар.

Александра Лакрабер и Нора Морк ја имаа главната улога во првото полувреме на овој натпревар. Во првите седум минути од мечот се играше гол за гол на двете страни. Со вториот гол на Лакрабер, Франција поведе со 3:2, додека во следниот напад Морк го израмни резултатот со својот трет погодок на натпреварот. Лејно беше одлична на голот во овој период, каде имаше четири одбрани, што и овозможија на Франција прва да се одлепи резултатски од противникот. Скандинавките немаа одговор за Лакрабер која со својот четврти гол зголемува на 6:3 во 11 минута. Десниот бек на Вардар и Ѓер како да се натпреваруваа кој ќе постигне повеќе голови. Морк за момент намалува на 6:4 со својот четврти гол, додека на спротивната страна веднаш враќа Морк за 7:4 со својот петти гол. Се играше 16 минута од дуелот, а “триколорите“ имаа три голови предност. Сепак од оваа минута следи голема криза во играта на Франција, која не успева цели единаесет минути да постигне гол, додека Норвешка направи неверојатна серија од седум последователни голови, за во 27 минута да има највисоки 7:11. Конечно Франција ја прекина лошата серија и со два гола во серија на полувреме заминува со резултат 9:11.

vardarfans-lakraber

Франција на стартот успева да го израмни резултатот на 11:11 и се да започне од почеток. Во следните десет минути се игра гол за гол и ниту една од екипите не успева да се одлепи резултатски. Многу мал број на погодоци следиме во овој дел од натпреварот, двете одбрани се на своето ниво.  Во последните десет минути се влегува со нерешени 15:15. Солберг на голот на Норвешка стигнува до својата десетта одбрана, што му овозможува на својот тим во нападот да постигне два погодици и да поведе со 15:17 на пет минути пред крајот. Солберг е херојот за Норвешка, која брани удар од седум метри и им дава голема шанса на својат селекција да слави на овој натпревар. Тоа максимално го користат скандинавките, кои зголемуваат на 16:20, што беше и конечен резултат на крајот. Ниту шест погодоци на Лакрабер не беа доволни за победа на Франција. Големото финале на програмата е во недела.

vardarfans-herem