После првата победа против екипата на УБ (20:11), пионерите на ракометниот клуб Вардар го одиграа и вториот натпревар на силниот меѓународен турнир “Локомотива Куп 2016“ кој се игра во Брчко-Босна и Херцеговина. Вечерва избраниците на Андријана Будимир ремизираа со екипата на Каштел Сплит. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 14:14.
Одлично го отворивме овој натпревар каде во првите пет минути имавме водство од 4:1. Како течеше дуелот, противникот постепено ја топеше нашата предност, па на полувреме се замина со резултат 8:7. Во вториот дел се играше гол за гол на двете страни. Вардарци пропуштија голема шанса за победа на овој дуел, на неколку пати ја погодивме стативата од голот на противникот и имавме најмалку четири зицер удари. Во последните секунди спасувавме бод од овој меч, Каштел Сплит имаше водство од 13:14, но во последните пет секунди, нашите надежи успеа да го израмнат резултатот на 14:14, што беше и конечен резултат на овој натпревар. Најефикасен во нашите редови беше Давид Савревски со 6, додека Бојан Чакалиќ постигна 5 голови.
Во текот на утрешниот ден ги продолжуваме настапите на турнирот. Најпрво од 14:45 часот се среќаваме со екипата на Марк Хандбал која доаѓа од Франција, за во 17 часот да ја затвориме групата против тимот на Загреб.