Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Четворицата играчи на Вардар кои беа дел од поширокиот список го минаа првото “кратење“
Четворицата играчи на Вардар кои беа дел од поширокиот список го минаа првото “кратење“

Четворицата играчи на Вардар кои беа дел од поширокиот список го минаа првото “кратење“

Четворицата играчи на ракометниот клуб Вардар, капитенот на првиот тим Стојанче Стоилов и тројца момци од РК Вардар Јуниор беа дел   од поширокиот список на селектор на сениорската репрезентација на Македонија. По денешното прво кратење на списокот на 24 имиња Даниел Ѓорѓески, Стојанче Стоилов, Мартин Поповски и Мартин Манасков се најдоа помеѓу 24-те играчи кои  ќе продолжат со подготовки, во Маврово од 20 до 30 декември.

Тие конкурираат за “виза“ за Светското Првенство во Франција, истото  започнува на 11 јануари. Македонија ќе  во групата против Тунис , Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд. Според планот  првата фаза од подготовките, Македонската сениорска  репрезентација ќе тренира во Маврово во периодот од 20 до 30 декември 2016, потоа на 2 јануари идната  година, тренинзите продолжуваат во Скопје. Во последната етапа  ќе се одиграат и три пријателски средби против селекцијата на Босна и Херцеговина од кои една ќе биде од отворен карактер на 3 јануари. Селекторот Лино Червар, за подготовките во Маврово го објави овој список:

Благојче Трајковски, Даниел Ѓорѓески, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Стефан Дрогришки, Велко Маркоски, Мартин Поповски, Бојан Маџовски, Марко Нелоски, Филип Миркуловски, Мартин Велковски, Ласко Андоновски, Ристо Арнаудовски, Мартин Манасков, Кирил Колев, Јовица Младеновски.