Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) Пионерите на РК Вардар победија со УБ на турниот во Брчко
(ФОТО) Пионерите на РК Вардар победија со УБ на турниот во Брчко

(ФОТО) Пионерите на РК Вардар победија со УБ на турниот во Брчко

Вардаровите ракометни надежи, пионерите на ракометниот клуб Вардар од денес се дел од ракометен силен, меѓународен турнир кој ќе се игра во Брчко – Босна и Херцеговина. Тие денес на истиот го одигра првиот меч и ја забележаа прва победа.

pp4

Момците на Вардар  се сретнаа со екипата на  УБ и триумфираа со  резултат 20-11.  Уште по крајот на првиот дел се насетуваше нашата победа истиот го завршивме со пет плус, 11-6. Во вториот дел со исти ритам ја зголемувавме и речиси ја дуплиравме предноста од првиот дел. Прв стрелец на денешниот меч во тимот предводен од Будимир беше Бојан Чакалиќ  кој постигна 4 гола.

pp3

Покрај него другите погодоци ги постигнаа следните момци:  Дамјан Димитриевски 3, Никола Жерновски 3, Давид Савревски 3, Ненад Ангеловски 2, Велимир Грујовски 2, Давид Мирчевски 1, Јован Танев 1, Горјан Трајчевски 1.

pp