Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС утре во 13 часот го игра последниот меч годинава, со ЖРК Гевгелија
Вардар СЦЈС утре во 13 часот го игра последниот меч годинава, со ЖРК Гевгелија

Вардар СЦЈС утре во 13 часот го игра последниот меч годинава, со ЖРК Гевгелија

За избраничките на Симе Симовски,  вториот женски ракометен сениорски колектив, екипата на Вардар СЦЈС останува само уште еден меч во оваа календарска 2016 година за одигрување. Вице-првакот од минатата сезона потоа  ќе замине на зимска пауза. Вардарки  ова последно коло годинава ќе гостуваат кај екипата на женскиот ракометен клуб Гевгелија во истоимениот град.

ЖРК Гевгелија последен предизвик за девојките на Вардар СЦЈС во 2016 година

Девојките се во добра форма, тие  минатото коло во натпреварот од женската ракометна Супер лига  во нејзиното  12. коло однесоа голема  победа против битолски ЖРК Пелистер. Црвено-црните  во домашниот дуел триумфираа  со високи 43-13. Со тој триумф  стигнавме до скор од  девет победа за Вардар СЦЈС во 11 меча колку што одиграа девојките во единствената женска лига во земајва.  Последниот дванаесетти дуел ќе го имаме утре, сабота на  17 декември, против Гевгелија. Во досегашниот есенски дел вардарки се втори на табелата со 27 бода, пред нас е Металург со 36, но и меч повеќе одигран досега. Гевгелија со три победи во лигата е петтопласирана екипа во Супер Лига. Во првиот дуел кој се одигра во октомври во спорскиот центар “Јане Сандански“  во Скопје нашите девојки триумфираа убедливо над гевгелискиот тим со резултат 35-18. Во мечот утре исто така влегуваме како фаворити.  Мечот утре ќе се игра во 13-00 часот.