Thursday ,13 August 2020
Последни:
Home > Комити > (РЕТРО ВИДЕО) КАКО ФК ВАРДАР ЈА ОСВОИ ЕСЕНСКАТА ТИТУЛА ВО ЛЕГЕНДАРНАТА 1986/87
(РЕТРО ВИДЕО) КАКО ФК ВАРДАР ЈА ОСВОИ ЕСЕНСКАТА ТИТУЛА ВО ЛЕГЕНДАРНАТА 1986/87

(РЕТРО ВИДЕО) КАКО ФК ВАРДАР ЈА ОСВОИ ЕСЕНСКАТА ТИТУЛА ВО ЛЕГЕНДАРНАТА 1986/87

Видео од антологиската шампионската сезона 1986/87 кога црвено-црните беа шампиони на екс Југославија. Во моментот е полу-сезона во домашното првенство во кое како и тогаш сме биле есенски шампиони, но времињата се други. Пред се сакаме да искажеме голема благодарносот до човекот кој ова вредно парче видео матријал го зачувал од заборавот. Тој од својата архива  ни го даде да го споделиме со сите минати, сегашни и идни вардарови вљубеници.

Видео репортажа од мечевите како ФК Вардар таа 1986 година стигна до есенската титула во Југословенската лига истата пролет и ја зачува и се промовираше во Шампион. Нема многу да ве воведуваме во видеото погледнете ги тие славни моменти за црвено-црните предводени од легендарниот Андон Дончевски кој за помошници ги имаше Методија Спасовски и Кочо Димитовски. Уживајте во овој 6-7 минутен времеплов полн со убави емоции за времето кога Вардар владееше од Триглав до Гевгелија , уживајте во головите на Панчев, полните трибини …