Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки едни против други во полуфиналето на ЕП, Херем на едната и Лакрабер и Лејно на другата страна вечерва ќе се борат за големото финале
Вардарки едни против други во полуфиналето на ЕП, Херем на едната и Лакрабер и Лејно на другата страна вечерва ќе се борат за големото финале

Вардарки едни против други во полуфиналето на ЕП, Херем на едната и Лакрабер и Лејно на другата страна вечерва ќе се борат за големото финале

Вечерва ќе се одиграат полуфиналните натпревари на европското ракометно првенство во Шведска. Во нив се среќаваат Холандија-Данска и Франција против Норвешка. За нас многу поинтересен е вториот меч, во кој на теренот ќе излезат три Вардарови ракометарки и ќе се борат за големото финале. Камила Херем од едната страна, против Лакрабер и Лејно на другата страна ќе играат едни пртив други.

Норвешка влегува како фаворит на овој натпревар, со оглед дека има шест победи од исто толку одиграни мечеви на ова европско првенство. Во првата групна фаза “скандинавките“ ги совладаа селекциите на Романија (23:21), Хрватска (34:16) и Русија (23:21). Продолжија победите и во новоформираната група 2, каде Норвежанките продолжија со убедливите игри. Поразени беа Данска (22:20), Унгарија (24:23) и Чешка (35:24). На тој начин завршија на првото место во главната група.

Франција до пред одигрување на полуфиналниот натпревар имаше забележано пет победи од шест одиграни натпревари. Единствено Холандија беше селекцијата која успеа да ги совлада со резултат 18:17 и тоа во првата групна фаза. На стартот на ЕП, Франција ја победи Полска (31:22), а потоа и Германија (22:20). Во новоформираната група 1, “триколорите“ ги победија селекциите на Шпанија ( 23:22), Шведска (21:19) и Србија (28:21) завршувајќи на второто место.

На последните три меѓусебни натпревари, Норвешка има две победи, додека Франција една. Последниот нивни меч беше на Мобелринген купот, каде Норвешка високо славеше со резултат 29:20. На последните десет одиграни натпревари, Норвешка сеуште не знае за пораз. Дали Франција ќе биде пречката за нив, или скандинавките ќе продолжат да доминираат ќе видиме вечерва со почеток од 20:45 минути со директен пренос на МРТ-1. Лакрабер засега имаа 22 голови, додека Херем 17.