Кадетската ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Светското првенство, откако вечерва во С.Ц. Борис Трајковски изненадувачки бевме поразени од селекцијата на Аргентина.
Селекцијата на Аргентина прва имаше можност да поведе со два гола разлика, но вардаровиот голман, Марко Кизиќ спречи удар од пенал на противникот. Македонија го користи тоа и во следниот напад реализира удар од седум метри за да го израмни резултатот на 2:2. Првата предност ја имавме во 9 минута кога погоди Костески за 4:3, а со голот на истиов играч, Македнија за прв пат имаше позитива од три гола разлика (6:3) во 10 минута од мечот. Следи период во кој се опуштивме, а аргентинците максимално не казнија, направија серија од 0:3 и го израмнија резултатот, кое беше и последно во првиот дел. (6:6). Заигравме подобро, а на голот се разбрани Марко Кизиќ, кој спречи три последователни напади на Аргентина, од кои два удари беа чисти зицери. Максимално, Македонија ги искористи одбраните на Кизиќ, па со голот на Божиновски во 23 минута ги вративме оние три гола позитива. До крајот на првиот дел, го контролиравме резултатот и ја одржувавме предноста. Повторно со голот на Костески стигнавме до предност од четири гола 11:7, а со истава разлика заминавме и на полувреме благодарение на голот на Мартин Карапалевски, играчот на Вардар Јуниор, кој речиси со звукот на сирената упати удар од тешка позиција, за резултат 13:9 по првите 30 минути.
На стартот на вториот дел, Аргентина го намали резултатот на 13:10, но Македонија врати преку Костески и Симоновски, за највисоки 15:10. Постоеше период од пет минути кога и двете селекции на постигнаа гол, после што Серафимов успеа да зголеми на 16:11. Се случи нов пад во нашата игра, дозволувајќи на Аргентина да направи серија голема од 0:4 и да го намали резултатот на 16:15. Бранеше добро Кизиќ, но тоа беше залудно, со оглед дека неговите соиграчи се наоѓаа во голема играчка криза, која продолжи и во 48 минута кога противникот го израмни резултатот на 16:16. Конечно погодуваме после долга пауза, и тоа од седум метри со голот на Мартин Серафимов, за враќање на водството. Не успеваме да се одлепиме со оглед дека Аргентина врати со два гола во серија и поведе со 17:18 на седум минути пред крајот. Не се откажаа избраниците на Брестовац, ја враќаат серијата на Аргентинците, па во 24 минута од мечот ние имаме минимално водство од 19:18. Во последните три минути од мечот се влезе со нерешени 20:20. Аргентина подобро се снајде во финишот, постигна три гола, додека Македонија ниту еден, за конечни 20:23 на овој прв натпревар на Светското ракометно првенство за играчи до 19 години.
На голот цели 60 минути беше Марко Кизиќ, кој имаше двоцифрен број на одбрани, кои не беа доволни за триумф. Во листата на стрелци со еден гол се запишаа Ален Ќосевски и Мартин Карапалевски.