Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најлоша партија кога е најпотребно – Дибиров само 1/1, Кристопанс лош, голманите непрепознатливи
Најлоша партија кога е најпотребно – Дибиров само 1/1, Кристопанс лош, голманите непрепознатливи

Најлоша партија кога е најпотребно – Дибиров само 1/1, Кристопанс лош, голманите непрепознатливи

Тимот на Вардар ја одигра најлошата партија токму кога најмалку се очекуваше. Вардарци одиграа полуфинале во свој непрепознатлив стил. Уште од самиот старт на натпреварот, па се до крајот нашиот тим имаше негатива и се мачеше, како во одбраната така и во нападот.

Верувале или не, голманите Штербик – Милиќ во првиот дел имаа само една успешна одбрана – звучи неверојатно но е вистинито. На крајот, двајцата голмани собраа само шест одбрани што е премалку за еден ваков натпревар.

Покрај овој голем негативен податок, кога најдобриот стрелец на тимот ќе постигне само еден гол и тоа од исто толку обиди – станува јасно каков натпревар одиграл Вардар. 

Исто така, денеска многу се очекуваше и од џинот Кристопанс кој одигра партија под сите очекувања. Кристопанс во ниту еден момент од натпреварот не ја искористи својата висина и предноста за разлика од противниците. Криштопанс постигна само еден гол од пет обиди.

На крајот, се поставува и прашањето – зошто Гонзалез не проба со “фластер” над Ричардсон кој постигна шест гола.