Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор го доби дербито со Металург 2 и обезбеди нова сезона во најсилната супер лига
Вардар Јуниор го доби дербито со Металург 2 и обезбеди нова сезона во најсилната супер лига

Вардар Јуниор го доби дербито со Металург 2 и обезбеди нова сезона во најсилната супер лига

Екипата на Вардар Јуниор успеа да ја добие главната битка за опстанок во најсилната супер-лига, откако денес на Кале ја совладаа екипата на Металург 2.

Стартот на натпреварот му припадна на гостинскиот тим од Автокоманда, кој го стартуваше мечот со два последователни голови за почетна предност од 0:2. Намалија за момент избраниците на Стојан Петрушевски (2:3), за да следи серија на Металург 2 од 1:3, за да имаат највисоки три голови разлика (3:6). Толку траеше кризата во нашата игра, во продолжение од првото полувреме следи подобра игра на црвено-црните, кои полека ја топеа негативата. Првото израмнување се случи во 13 минута од мечот, кога резултатот на семафорот гласеше 7:7. Последното водство, Металург 2 го имаше при резултат 8:9, за да проследиме серија на Вардар Јуниор од 4:0, за највисоки три голови предност на нашиот состав (12:9). Гледавме голема борба на теренот, сепак се работеше за натпревар кој му обезбедува опстанок на еден од тимовите. Гостинската екипа не се предаде, намали на 15:14, но финишот му припадна на Вардар Јуниор, кој успеа со два гола разлика да замине на одмор, резултатот по истекот на првите 30 минути беше 17:15.

Зголемивме на стартот на вториот дел на 18:15, но Металург 2 се уште даваше отпор и не дозволуваше победникот да биде пред време решен. Намалија во еден момент на 20:19, со што продолжија возбудувањата на овој дуел. Сепак во следниот период, Вардар Јуниор беше во постојано водство, кое најмногу достигна до пет голови, а најчесто разликата се движеше од 3-4 голови разлика. На крајот заслужена победа за младите вардарци, кои на меч со многу голови слават со резултат 36:33.

Најефикасен во триумфот повторно беше десниот бек, Стефан Трпчевски кој постигна 7 голови.

Вардар Јуниор: Кизиќ, Димов, Анѓелковски, Крстевски 5, Анастасовски 5, Мишевски 4, Трајковски, Димитров, Петковски, Карапалевски 1, Трпчевски 7, Димитровски, Гашоски, Кукуловски 4, Атанасовски 2, Цветаноски.