Wednesday ,16 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лосерт: Вардар има добри голмани, ќе се обидам да помогнам, да бидат уште подобри и поконстантни
Лосерт: Вардар има добри голмани, ќе се обидам да помогнам, да бидат уште подобри и поконстантни

Лосерт: Вардар има добри голмани, ќе се обидам да помогнам, да бидат уште подобри и поконстантни

Поранешен хрватски репрезентативец го засилува стручниот штаб на РК Вардар 1961. Венио Лосерт во иднина ќе ги тренира голманите на двократниот Европски Шампион. Лосерт има пред себе богата играчка, но и репрезентативна кариера. По барање на Давид Дејвис ќе биде вклучен во неговиот стручен тим.

Лосерт во изјава за официјалниот сајт на клубот, истакна дека доаѓањето во Вардар за него е нов предизвик.

Доаѓам во Вардар и секако дека тоа е еден нов предизвик за мене. Кога работиш со клуб треба да се грижиш голманите да бидат постојано во форма и да нема осцилации. Со репрезентација се работи за одржување и подобрување на формата за пократок период. Кога Дејвис се договори со Вардар ме праша дали сум заинтересиран да му помогнам. Од Египет дозволија, и ете сум во Вардар. Го следев Вардар во ЛШ, и можам да кажам дека има добри и квалитетни голмани. Ќе се обидам да помогнам, да бидат уште подобри и поконстантни. Верувам ќе имаме добри резултати, изјави Лосерт.