Ракометната федерација на Македонија изврши извлекување на редните броеви за одредување на редоследот на натпреварите во Супер Женска Лига Плеј ОФ и АУТ за натпреварувачка сезона 2021/2022.
Познато е дека вардарки ќе разигруваат во плеј-офот и ќе се борат за шампионската титула. Таму се уште и екипите на Металург, Чаир, Куманово, Пелистер, Ѓорче Петров, Деспина и Стружанка.
Плеј-оф натреварувањето ќе стартува на 12/13 февруари со натпревари од првото коло, во кое Вардар ќе биде домаќин на екипата на Пелистер, додека во второто коло ќе гостуваме кај екипата на Стружанка. Борбата за шампионската титула ќе ја започнеме со 4 освоени бодови, исто како и екипата на Металург, пренесени од првиот натпреварувачки круг.
Целосниот распоред на одигрување на сите 14.кола можете да го погледнете на линкот, ТУКА.