Следен предизвик за црвено-црните во лигата на Шампионите е гостувањето во Унгарија. Вардар како гости во 5.коло игра против Веспрем. Следи пауза поради ЕХФ-неделата, потоа ќе се доигра останатата половина од мечевите предвидени за есенскиот дел.
Нашето гостување во осмото коло, кај полскиот Келце е прогласено за натпревар на неделата според медиа тимот на ЕХФ.
Мечот против избраниците на Душебаев во салата „Легионово“ е закажан за 16 ноември со почеток во 18-00 часот. Како и секогаш дуелите на овие два тима кои имаат европски пехари во витрините носат жесток тек, многу борба и неизвесност.