По еднонеделна пауза, повторно се враќаат возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија. Во новото, десетто коло, лидерот на првенствената табела Вардар, одново игра дерби дуел, овој пат во Ѓорче кај тимот на Македонија ЃП кој игра одлично оваа сезона и се наоѓа на треттата позиција на табелата со пет бодови заостанување зад „црвено – црните”.
Дека в сабота не очекува супер – дуел говори и статистиката. Ова ќе биде дуел на два супер отворени и напаѓачки тимови, кои досега постигнаа по 12 погодоци што ги прави најефикасни во ПМФЛ. Покрај овие податоци противникот е и должник на вардарци, бидејќи во првото коло Вардар загуби на домашен терен со 2:0, па сигурно дека ќе сака да се реваншира за поразот.
Се на се, сигурно е дека ни претстои еден интересен натпревар на кои на фудбалерите им треба силна поддршка од трибините за нова значајна победа.
Дојдете в сабота на стадионот во Ѓорче од 14 и 30 часот да навиваме за нашиот тим.