Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Slider > ЛШ: Одредени „шеширите“, Вардар и ПСЖ носители, Монпелје сигурен ривал
ЛШ: Одредени „шеширите“, Вардар и ПСЖ носители, Монпелје  сигурен ривал

ЛШ: Одредени „шеширите“, Вардар и ПСЖ носители, Монпелје сигурен ривал

Вардар и  францускиот тим, ПСЖ рангирани се за носители во ждрепката за ЛШ. Актуелниот европски шампион, Вардар е еден од носителите на ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите.  За сезоната 2019/2020 еден ривал ни е денес познат, а пак  останатите шест противници во А или Б групата ќе ги дознае на извлекувањето на 27 јуни во Виена.

ШЕШИР 1: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција).

ШЕШИР 2: Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија).

ШЕШИР 3: Флензбург (Германија), Келце (Полска).

ШЕШИР 4: Мешков Брест (Белорусија), Алборг (Данска).

ШЕШИР 5: Пик Сегед (Унгарија), Мотор Запорожје (Украина).

ШЕШИР 6: ППД Загреб (Хрватска), Монпелје (Франција)

ШЕШИР 7: Елверум (Норвешка), Порто (Португалија).

ШЕШИР 8: Кил (Германија), Целје (Словенија).

Напомена: Сигурен противник на Вардарци ќе биде Монпелје од шестиот шешир, исто така во група може да има само еден преставник од една земја. Па во иста група нема да бидат Веспрем и П.Сегед, односно  Кил и Флензбург.