Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Јубилејниот 2000 гол во Л.Ш за Вардар на мечот со Барса беше дело на Карачиќ,
Јубилејниот 2000 гол во Л.Ш за Вардар на мечот со Барса беше дело на Карачиќ,

Јубилејниот 2000 гол во Л.Ш за Вардар на мечот со Барса беше дело на Карачиќ,

  На последниот меч од ЕХФ лигата на шампионите црвено-црните го постигнаа својот  2.000-ти гол во групната фаза од најквалитетната европска ракометна конкуренција. Јубилејнот гол беше дело на хрватскиот среден бек на Вардар  Игор Карачиќ, тој во 55-та минута стрелаше за  28:27.

Вардарци  во Л.Ш.  откако Европската куќа на ракометот  го смени системот на натпреварување и воведе играње во групна фаза одигра 75 натпревари. За РК Вардар ова е 10 сезона во  европско ракометно натпреварување, а  зад себе имаме 26 победи, 9 реми исхода   и  во 40 меча забележавме  порази, ова се однесува исклучително само на  натпреварите од групната фаза од лигата на шампионите. Деби настапот за црвено-црните  во лигата на шампионите беше во сезоната 1999/2000 кога игравме со швајцарскиот тим на ТВ Шур и нашиот миленик  во  1/16 финалното соочување  двапати загуби, но следната сезона Вардар стана првата машка екипа од Македонија што избори пласман во групната фаза од ЛШ, откако во квалификациското коло го елиминира во двомечот турскиот преставник  екипата на  АСКИ Анкара, со што запиша нова страница во македонскиата ракометна историја.