-
Младинскиот одбојкарски клуб на Вардар, овој викенд ги започна натпреварите во својата одбојкарска лига. Нашите момчиња денеска одиграа две средби, против Лирија и Струмица, и двата натпревари се одиграа на домашен терен на Вардар.
Против Струмица нашите момци загубија со 2:0, додека пак на другиот меч, за жал загубија и од Лирија со резултат 2:1. Против Лирија нашите одбојкари го добија првиот сет, додека пак вториот и третиот го загубија со резултат 25:22, и 15:12. Пресуди неискуството на ОК Вардар, поради тоа што во тимот на ОК Вардар, има само две момчиња генерација 1997 – година родени, а другите се 2001 година родени, само за споредба, лигата е за одбојкари родени 1997 година.