Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Андреј Ричков: Ова е шанса да се докажеме и да ја оправдаме довербата која ни е дадена од тренерите на првиот тим
Андреј Ричков: Ова е шанса да се докажеме и да ја оправдаме довербата која ни е дадена од тренерите на првиот тим

Андреј Ричков: Ова е шанса да се докажеме и да ја оправдаме довербата која ни е дадена од тренерите на првиот тим

Во натпревар од третото коло на Б-лигата, тимот на Фк Вардар беше подобар од Работнички. Ова е прв триумф во оваа лига, откако претходно на два пати одигравме со нерешен резултат. Конечниот исход гласеше 3:1, иако на полувреме имавме негатива од еден гол. Блаежевски постигна два гола и еден дело на Темелков. Тренерот Васоски на денешниот меч настапи со комбиниран состав, шанса добија и играчи кои играат за младинците на Вардар. Меѓу нив беше и десниот бек Андреј Ричков кој влезе во игра, во текот на второто полувреме.

-Одличен натпревар пред се, каде што доминиравме во секој поглед. За првотимците ова беше еден вид на тренинг, а за нас младинците ова е шанса да се докажеме и да ја оправдаме довербата која ни е дадена од тренерите на првиот тим. За мене ова значи многу бидејќи имав шанса да играм со доста искусни играчи кои го носат вардаровиот дрес,изјави Андреј Ричков за Вардар фанс.

Звонко Ивановски