Младинците на Рк Вардар забележаа нова победа во лигата, откако на вчерашниот дуел одигран на Кале, беа подобри од екипата на Преспа 2010. Имавме можност да гледаме натпревар, кој во поголем дел беше неизвесен, иако црвено-црните ја контролираа играта и имаа постојано водство. На полувреме се замина со резултат 14:10. Во вториот дел, противникот се доближи на само еден гол негатива, но во решавачките моменти повторно игравме на своето ниво. Најефикасни во редовите на Вардар беа Мицаноски и Мишевски кои постигнаа по 5 голови.
-Од натпреварот сум задоволен, но секогаш може и повеќе. Имавме многу промашени пенали и контри, но на крајот успеавме да победиме. Пресуди добрата наша одбрана, во моменти кога се решаваше победникот. За следниот дуел мора добро да се подготвиме и да ги поправиме сите технички грешки од вчерашниот натпревар, изјави Андреј Мицаноски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски