Wednesday ,24 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фк Вардар го победи Работнички, во рамките на Б-лигата
Фк Вардар го победи Работнички, во рамките на Б-лигата

Фк Вардар го победи Работнички, во рамките на Б-лигата

После првите две кола каде одигравме само нерешено, со екипите на Брегалница во Штип и Металург на Железарница, денес Б-тимот на Вардар ја забележа првата победа во оваа лига. Противник беше екипата на Работнички, која ја совладавме со резултат 3:1. Дејан Блажевски повторно ги тресеше противничкиtе мрежи и постигна два гола. Еден гол постигна Темелков.

Натпреварот се одигра на стадионот во Ѓорче, кој слабо започна за нашиот црвено-црн состав. По првото полувреме имавме негатива од 0:1. Влегувањето во игра на Блажевски во вториот дел, во голема мера ги промени работите на теренот. Популарниот “Шиле“ повторно блесна, кој не дозволи изненадување на овој меч. Првиот гол беше постигнат со удар од белата точка. По подолго време имавме можност во состав на Вардар да го видиме и Темелков, кој успеаа да ја затрсе противничката мрежа. На овој натпревар настапивме со комбиниран состав. Шанса добија голем дел од играчите кои настапуваат за младинската екипа. Тука беа голманот Филип Трајќевски, потоа Виктор Димков, Андреј Ричков, Есмин Личина и Ердон Даци.

Фк Вардар: Гачевски, Грнчаров, Најдоски, Хамбарџумјан, Љамчевски, Темелков, Спировски, Димков, Глишиќ, Стојков, Петковски

Во игра влегоа уште: Блажевски,Фелипе, Мијушковиќ, Ричков, Даци, Личина и Трајчевски.