Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Комбинираниот состав на младинците на Вардар, поразен од Вардар-Неготино
Комбинираниот состав на младинците на Вардар, поразен од Вардар-Неготино

Комбинираниот состав на младинците на Вардар, поразен од Вардар-Неготино

Денеска се одигра пријателски натпревар во Неготино, помеѓу комбинираниот состав на младинците на Фк Вардар и лидерот во третата лига-Југ, екипата на Вардар од Неготино. Конечниот резултат гласеше 3:1. Стрелец на единствениот гол за нас беше Јасир Беќири.

На овој меч настапивме со комбиниран состав, кој се дел од младинската и кадетската екипа на Фк Вардар. Во составот за овој ревијален натпревар не беа првотимците Филип Трајчевски, Андреј Ричков, Есмин Личина, Виктор Димков и Ердон Даци, кои пак беа повикани да настапат во Б-лигата за екипата на Вардар.

Лидерот во третата лига-Југ, Вардар Неготино први го отворија резултатот на овој меч и поведоа со 1:0. До крајот на првиот дел успеавме да израмниме на 1:1, со голот на Беќири, што беше резултат по првиот дел.

Во второто полувреме, домашниот тим ја презеде иницијативата и успеаа да постигне уште два погодоци. Тренерот на младинците Љупчо Марковски го извади максиумот од своите момци, кои прикажаа одлична игра. Сепак Вардар-Неготино е поискусен и повозрасен тим и лидер во третата лига, кој има големи амбии за пласман во втората фудбалска лига.

Фк Вардар (младинци): Ѓорѓиоски, Трифуновс, Исмаил, Серафимов, Спировски, Додевски, Јовановски, Трајчевски, Беќири, Менкиноски, Апостоловски.

Во игра влегоа уште: Стојчевски, Малов, Велковски и Тимевски.