Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македа: Знаеме дека ќе биде многу тешко, бидејќи Вардар е квалитетен тим и најверојатно ќе играме пред полна сала
Македа: Знаеме дека ќе биде многу тешко, бидејќи Вардар е квалитетен тим и најверојатно ќе играме пред полна сала

Македа: Знаеме дека ќе биде многу тешко, бидејќи Вардар е квалитетен тим и најверојатно ќе играме пред полна сала

Поранешниот вардарец Хорхе Македа доаѓа повторно во Скопје, овој пат со тимот на Веспрем на дуел против Вардар во осминафиналето на Лигата на шампионите. Македа е еден од играчите што знае како е да се игра во Скопје и пред вардаровата публика, па токму затоа е претпазлив и вели дека ќе биде тешко, но неговиот тим ќе сака победа уште во Скопје.

„Сакаме да победиме и во Скопје. Знаеме дека ќе биде многу тешко, бидејќи Вардар е квалитетен тим и најверојатно ќе играме пред полна сала. Но, тоа не смее да ни го одвлекува вниманието. Треба да играме како овде, во Веспрем“, вели Македа.

Натпреварот меѓу поранешните финалисти во Лигата на шампионите се игра утре од 18:45 часот.