Попладнево во С.Ц. Борис Трајковски се одигра и вториот контролен натпревар помеѓу ракометните селекции на Македонија и Србија. Поуспешна повторно беше Македонија, која славеше минимално со резултат 28:27.
Во најголем дел од натпреварот, Македонија имаше предност, а на полувреме заминавме со водство од 16:13. Во второто полувреме се играше израмнет натпревар, а во последниот напад за Македонија се влезе со нерешен резултат 27:27. Раул Гонзалез повика тајмаут, а во последните десет секунди погоди Филип Лазаров, за победа на Македонија со резултат 28:27.
Најефикасен во нашата селекцијата беше Пешевски кој постигна 7 голови, од вардаровите играчи, Стоилов и Поповски постигнаа по 1 гол. На спротивната страна, Милосављев не забележа одбрана. Ова беше последен подготвителен натпревар за Македонија пред почетокот на Светското првенство.