Македонската ракометна репрезентација со пораз го заврши настапот на Европското првенство во Хрватска. Данска беше подобра во дуелот со нас, со што си го потврди пласманот во полуфиналето.
Во најголем дел од првото полувреме се играше гол за гол, а Данска беше репрезентацијата која имаше предност, која најмногу достигна два гола разлика. Дури на десет пати резултатот беше израмнуван, а интересно Македонија не успеа ниту еднаш да поведе. По првото полувреме ниту една од репрезентациите немаа предност, па на одмор се замина со нерешен резултат од 12:12.
Сепак на стартот на второто полувреме, избраниците на Николај Јакобсен прават серија од 1:5 и за прв пат на мечот имаат водство од четири голови разлика (13:17). Македонија немаше сили 60 минути да и парира на Данска, па така во 50 минута резултатот беше 17:24. Немавме многу расположени стрелци во нашиот состав, а на спортивната страна противникот ја полнеше нашата мрежа. На крајот конечен резултат од 20:31.
На ова Европскот првенство одигравме шест натпревари, на кои забележавме две победи, еден нерешен резултат и три порази. Од вардаровите играчи, Стоилов постигна четири голови, додека Поповски не се запиша во листата на стрелци.