Понати се репрезентациите кои се пласираа во полуфиналето на Европското ракометно првенство во Хрватска. Франција против Шпанија и Данска против Шведска се полуфиналните двојки и селекциите кои ќе се борат за еден од медалите. Од играчите на Вардар кои настапуваат на ова ЕП, единствено само Кањелас ќе има можност во Скопје да се врати со медал.
Во решавачкиот дуел за второто место на табелата во групата 2, селекцијата на Шпанија успеа да го совлада се уште актуелниот европски шампион, тоа е Германија, со резултат од 27:31. Германија беше репрезентацијата која подобро го отвори натпреварот и во првите шест минути седум минути имаше предност од 5:3. Сепак во наредните минути, “фуријата“ успева да се врати во игра и да направи резултатски пресврт (6:8), предност која успева да ја зачува и по истекот на првите 30 минути. Во три наврати, избраниците на Прокоп го израмнуваа резултатот, но Шпанците се покажаа како помоќни и во три наврати имаа водство од два гола разлика, но на одмор се заминува само со минимално водство на Шпанија од 13:14.
Победникот на овој натпревар беше решен на стартот на второто полувреме, кога ибраниците на Рибера направија неверојатна серија од 0:8, односно од резултат 15:15, започна налетот на Шпаните, на кој противникот немаше одговор и речиси целосно се изгуби во овој дел од мечот. За дуел на кој се решаваше патникот во ова полуфиналето, ваква разлика е недостижна, па ни Германија не можеше да се врати во игра. Најмногу што успеа да намали Германија беше три гола, но во финишот на натпреварот, каде немаше многу време за поголеми возбудувања. На крајот конечен триумф од 27:31.
Во редовите на Шпанија, Кањелас не успеа да се запише во листата на стрелци на овој меч, но беше важен дел во играта од одбраната на својата селекција.
Најголемото разочарување е секако Хрватска, од која домашната јавност очекуваше нешто поголемо на ова ЕП. Во решавачкиот дуел, иако им беше потребен и нерешен резултат, Франција успеа да излее како победник во дуелот со хрватите и да им ја одземе можноста да играат во полуфиналето. Триколирите започнаа добро со водство од 3:5, за домаќинот да се врати во игра и да го израмни резултатот на 7:7. Сепак следи нова серија на Франција од 0:3 за повторно да се одлепат, овој пат на највисоки три гола разлика. До крајот на првото полувреме, многу подобри на теренот беа избраниците на Динарт, иако хрватите се доближија на само еден гол негатива (10:11), сепак до крајот на првото полувреме, Франција прави серија од 3:8 и на полувреме се замина со резултат од 13:19.
Ниту во второто полувреме, Хрватска немаше одговор за поставената игра во одбраната на Динарт, кој важеше за еден од најдобрите одбранбени играчи, во времето кога играше ракомет. Тоа беше и клучот за триумфот на овој меч, а Червар се покажа како немоќен да се справи со притисокот. Долго време, Франција беше во предност која се движеше од 4-6 голови разлика, додека Хрватска се закани во последните пет минути кога стигна до само еден гол гола негатива, кога погоди Циндриќ. Сепак немаа сили до крај за резултатски пресврт, па на крајот мораа да се помират со пораз, резултат од 27:30 за Франција.
Иван Чупиќ беше прогласен за играч на мечот, на кој постгна 5 голови, додека одлично беше запрен Лука Циндриќ, кој успеа да постигне само 3 голови. Игор Карачиќ не успева да се запише во листата на стрелци. Резултатот најмногу и оговораше на Шведска, која и покрај поразот од Норвешка успеа да се промакне во полуфиналето.