Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар Јуниор со триумф се вратија од гостувањето во Струмица
Младинците на РК Вардар Јуниор со триумф се вратија од гостувањето во Струмица

Младинците на РК Вардар Јуниор со триумф се вратија од гостувањето во Струмица

Младинската екипа на РК Вардар Јуниор со победа се врати од гостувањето во Струмица, против тимот на Зомимак. Избраниците на Зоран Петковски со половина од своите сили успеаа да триумфираат и да се најдат на чекор до завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Овој дуел се одигра во Струмица и заврши во корист на црвено-црните со резултат 26:30.

Победата ниту во еден момент не беше доведена во прашање, а одбраната одигра значајна улога во освојувањето на нови бодови. По првото полувреме имавме солидно водство од 10:15, кое успешно го задржавме и до крајот на мечот. Разликата во квалитет беше очигледен на двете страни и сосема заслужено го добивме противникот. Тренерот Петковски им даде шанса за настап на сите ракометари кои беа на располагање, ова беше предпоследно коло во својата група пред преедизвиците кои претстојат во наредниот период.

Најефикасни во нашиот состав беа Дамјан Трајковски, Алија Амзоски и Стефан Апостоловски, кои постигнаа по 5 голови.

Со овие нови бодови, сега Вардар Јуниор има вкупно 22 освоени бодови, или еден помалку од лидерот РК Пролет 62. На третото место се наоѓа екипата на Металург со освоени 19 бодови, токму тимот од Автокоманда е следен наш противник во последното коло од регуларниот дел на сезоната. На првиот натпревар одигран во есенскиот дел во салата во Автокоманда, Вардарци остварија триумф (20:23) и имаат големи шанси да се пласираат на завршниот турнир. Во случај на ист број на бодови со екипата на Металург, подобро пласиран ќе биде тимот кој бил подобар во меѓусебните дуели. Во двете младински групи, првите две пласирани екипи ќе ја имаат можноста да се борат за приматот шампион на Македонија.