Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Академијата на ФК Вардар, домаќин на четвртиот пролетен турнир на “Вардар Јуниор“ лигата
Академијата на ФК Вардар, домаќин на четвртиот пролетен турнир на “Вардар Јуниор“ лигата

Академијата на ФК Вардар, домаќин на четвртиот пролетен турнир на “Вардар Јуниор“ лигата

После Скопје, Штип и Охрид, случувањата во фудбалската “Јуниор“ лига повторно се враќаат во главниот град на Македонија. Новата академија на фудбалскиот клуб Вардар ќе бид центар на случувањата во оваа лига, а натпреварите ќе бидат одиграни во текот на утрешниот ден. На четвртиот пролетен турнир ќе настапат само екипите на ФК Вардар, Еуроспорт (Куманово), Форца и Ново Лисиче, во генерации родени “2003“ и “2004“ година. Во склоп на утрешното збиднување ќе биде и организацијата „Отворени Забавни Фудбалски Школи“, која дополнително ќе се погрижи за забавата на младите надежи.

Ви го презентираме распоредот на одигрување на сите натпревари:

Генерација 2003 година:

10:00 часот ФК Форца-Вардар, Скопје – ФК Ново Лисиче, Скопје
10:45 часот ФК Куманово Еуроспорт-Вардар – ФК Вардар, Скопје
11:30 часот ФК Куманово Еуроспорт-Вардар – ФК Форца-Вардар, Скопје
12:15 часот ФК Ново Лисиче, Скопје – ФК Вардар

Vardarfans raspored

Генерација 2004 година:

10:00 часот ФК Куманово Еуроспорт-Вардар – ФК Вардар
10:45 часот ФК Форца-Вардар, Скопје – ФК Ново Лисиче, Скопје
11:30 часот ФК Куманово Еуроспорт-Вардар – ФК Форца-Вардар, Скопје
12:15 часот ФК Вардар – ФК Ново Лисиче, Скопје