Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младиот голман Никола Кизиќ, тренира со првиот тим на Рк Вардар
Младиот голман Никола Кизиќ, тренира со првиот тим на Рк Вардар

Младиот голман Никола Кизиќ, тренира со првиот тим на Рк Вардар

Никола Кизиќ е најновото име кое имаше можност да тренира со првиот тим на Рк Вардар. На вчерашниот тренинг, недостасуваше Милиќ-Џамбо, па неговото отсуство го искористи младиот голман Кизиќ. Исто така и поранешниот голман на првиот тим, а сега на втората екипа Чаневски беше присутен на првиот тренинг. Никола Кизиќ го брани голот на младинската екипа на Вардар и дебитираше во последното коло против Радовиш во супер-лигата во изминатата сезона. На тој дуел имаше забележителен настап, забележувајќи неколку добри интервенции.

Секако оставил добар впечаток кај шпанскиот стручњак, кој му пружа голема шанса да биде дел од врвна екипа со големи играчи. Во друштво на Арпад Штербик, Петар Ангелов и тренерот на голманите Горан Симиќ, овој млад талент ќе има што да научи во изминатиов период.