Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Денес натпревар со Србија, за младинската ракометна репрезентација

Денес натпревар со Србија, за младинската ракометна репрезентација

Денеска започнува разигрувањето за пласман од 9-16 место за Македонската репрезентација, на Европското првенство за младинки во Валенсија. Претходно во првата групна фаза, го освоивме третото место на табелата со освоени три бода. Забележавме една победа, еден нерешен дуел и еден пораз. Денес нов противник е селекцијата на Србија, со која игравме два пријателски натпревари во Скопје. По една победа тогаш, остварија двете репрезентации. Мечот ќе започне од 17 часот.

Инаку во оваа група се наоѓаат уште и селекциите на Хрватска и Литванија, со која игравме во првата групна фаза. Македонија и Србија пренесуваат по 2 бодови, додека Литванија и Хрватска се без освоен бод. Очекуваме нашите младинки да продолжат со добрата игра, што ги красеше на претходните мечеви и да се изборат за што подобар пласман на крајот од ова натпреварување.